loading

Нашиот Сервис



Ние во Auto CEM се потрудиме да вложиме многу грижа во сервисирање и поправка на вашето возило. Нашиот високо квалификуван сервисен тим ќе ви помогне да го одржите вашето возило во добра состојба и безбедно за возење, а во исто време да ја задржиме неговата препродажна вредност.

 

Приемното оделение на Сервисниот центар работи секој ден освен недела од 8.00 до 17.00 часот каде што е подготвено да ги услужи своите ценети клиенти на многу високо професионално ниво, според строгите стандарди на Opel и Chevrolet.

 

Нашиот кадар е постојано обучуван за работа на возилата од гамата на Opel и Chevrolet на професионалните курсеви коишто се одржуваат од специјално обучени тренери во GM Центарот и на редовните курсеви во техничкиот GM тренинг центар во Германија.

 

Сервисниот центар е опремен со комплетен специјален алат за возилата од програмата на реномираниот германски производител Opel и Chevrolet. Нашиот Сервисен Центар е снабден со компјутери што се дел од глобалниот иформативен систем на претпријатието.

 

Со нивна помош се изготвуваат брзо и квалитетно потребните формулари за извршената услуга, вградените делови и му се врачуваат на корисникот. Ве очекуваме и сме сигурни дека ке бидетет задоволни од нашата професионална работа.

 

За повеќе информации и за да ги чувствуваш ексклузивните линии на Opel и Chevrolet , би ве замолиле да го посетите нашиот салон и вие ќе се чуствувате задоволен од нашиот професионален пристап и услуга што им го нудиме на нашите драгоцени клиенти.
Оди на почеток