loading

ПРОСТРАН, УДОБЕН И ПРАКТИЧЕН.

Премногу драгоцено време може да се потроши на лоша организација. Новиот Opel Vivaro е едно ниво повисоко во практичноста, удобноста и складирањето.

Opel Vivaro – Средина на возачот

Средина на возачот

Високо поставен менувач на таблата со инструменти, нов волан со лесен дофат и далечински контроли за инфозабава, седиште со наслони за раце, лумбална поддршка и прилагодување на 6 начини, заедно со јасната инструментација – со сето ова возачот е удобно во контрола.

Opel Vivaro - Складирање

Обемно складирање во кабината

9 отворени и затворени места за складирање во таблата, оптимално поставени држачи за чаши и вкупен простор за складирање во таблата од повеќе од 24 литри, со 54 литри под изборната канцелариска клупа-седиште, што значи дека има простор за сѐ што ви треба за да работите.

Opel Vivaro – Канцелариска клупа

Опремен за бизнис

Корисна отстранлива табла за белешки, која може да биде безбедно фиксирана во вертикална положба, држи важни документи веднаш до раката на возачот, што го заштедува времете на барање. Карактеристиките на мобилна канцеларија вклучуваат:

  • канцелариско седиште-клупа со централен дел склопен надолу, кое открива отстранлива табла со исечоци и преграда за складирање погодна за таблет или лаптоп.
  • држач за паметен телефон на инструмент-таблата.
  • држач за таблет Docking таница на на инструмент-таблата.
Opel Vivaro - Navi 80 IntelliLink

Првокласна инфозабава

Можете да изберете од големата понуда на напредни системи за инфозабава. R16 GT USB со единечен и CD18 БТ USB со двоен DIN содржат Bluetooth ® аудио стриминг и хендзфри, телефон, USB приклучоци во таблата, а надворешните USB овозможуваат поврзување со мобилни уреди, дигитален аудио пренос (DAB +) е исто така достапен како опција.

Navi 50 IntelliLink вклучува 7-инчен колор екран на допир, со целосна европска покриеност. Најновиот NAVI 80 IntelliLink додава дополнителни функции, вклучувајќи 3D поглед од птичја перспектива и IntelliLink технологија и лесна интеграција со паметните телефони, вклучувајќи ги и гласовна контрола и пристап до понудата на TomTom услугите во живо.

Opel Vivaro – Задна камера

Поголема удобност. Помалку стрес.

Опциите за внатрешната клима вклучуваат рачни климатизација и електронска контрола на климата (ECC) само за возачката кабина или климатизација напред и назад во новиот Opel Vivaro Combi, кој е исто така достапен со дополнително греење назад.

Со задната камера, можете да видите каде одите и да го спречите искривувањето на телото при враќање наназад, сликата е прикажана со динамични упатства на екранот на систем за навигација на допир со статични упатства или упатства за внатрешниот ретровизор.

Сликата може да прикажува додатна опрема.

Opel ќе вложи разумни напори за точноста и обновеноста на информациите на оваа страница, но не презема одговорност за какви било барања или загуби кои произлегуваат од содржината на оваа страница. Некои од информациите на оваа страница може да не се точни поради промени на производите кои што настанале од времето на објавување на информациите. Некои делови од опремата кои се опишани тука се достапни само во одредени земји или по повисока цена. Opel го задржува правото да ги смени спецификациите на производите во секое време. За спецификациите на производите во вашата земја, ве молиме консултирајте се со вашиот дилер на Opel.
Оди на почеток