OPEL ASTRA GTC.
Безбедност и сигурност за вашите ВИП гости.
Со својата напредна опрема за активна и пасивна безбедност и иновативните системи за помош на возачот, можете да уживате со извонредната динамика на возењето на Opel Astra GTC со солидно охрабрување.
Прилагодливо предно осветлување (AFL+)
Новиот Opel Astra GTC е достапен со биксенонски предни светла и прилагодливо предно осветлување, еден од најнапредните системи за предно осветлување во сегментот за компактни возила.
Подвижните елементи во извајаните бексенонски предни светла автоматски се прилагодуваат на различните услови и овозможуваат побезбедно и порелаксирано возење. Различните прилагодливи светлосни функции, меѓу кои и Помош со долги светла (HBA), кои служат најдобро во секоја ситуација, подобрувајќи го осветлувањето на патот до 90% во споредба со фиксните светла, без да ги заслепуваат другите возачи.
Во комбинација со предната камера Opel Eyе, системот за прилагодливо предно осветлување AFL+ исто така вклучува и Интелигентент опсег на осветлувањето (ILR), кој регистрира ридови и падини со што совршено го прилагодува осветлувањето на патот.
AFL+ во голема мера ја зголемува видливоста на кривини и остри свиоци, со што значително се подобрува ноќното возење. А е и порелаксирано.
Помош со долги светла на халогенските предни светла (HBA)
Стандардните халогенски предни светла на Opel Astra GTC може да се надградат со автоматска контрола на зракот. Системот за Помош со долги светла детектира сообраќај од спротивната страна и ги вклучува долгите светла кога условите дозволуваат.
Систем за помош со сообраќајни знаци Opel Eye, Систем за предупредување при напуштање на лента, Индикатор за растојание нанапред и Предупредување за судар нанапред
Монтирана зад внатрешниот ретровизор, предната камера на системот Opel Eye поддржува три функции.
Функцијата за помош со сообраќајни знаци (TSA) ги препознава стандардните кружни знаци за брзински ограничувања, како и знаците за 'забрането претекнување', а исто така и сигнализира за крајот на рестрикцијата. Активна е од 14 km на час до 200 km на час (дење) и 150 km на час (ноќе) соодветно. Системот исто така користи информации од навигациските податоци за да овозможи висока стапка на детекција.
Од 60 km на час камерата исто така препознава ако возилото ненамерно премине сообраќајна линија без индикација од страна на возачот. Системот за предупредување при напуштање на лента (LDW) дава звучен сигнал, како и предупредувачко светло на бројачот на вртежи.
Камерата исто така се користи и за препознавање на возила во двиѓење напред и за пресметка на растојанието нанапред, што се прикажува на дисплејот помеѓу инструментите. Индикаторот за растојание нанапред (FDI) не само што ја подобрува безбедноста, туку исто така и помага во избегнување на казни за преблиско возење до возилото напред.
Предупредувањето за судар нанапред (FCA) е активно кога автомобилот се движи побрзо од брзината на пешачење и дава визуелно и звучно предупредување кога веројатноста за судар е голема. На овој начин, не само што се заштитени и другите учесници во сообраќајот, туку и самиот возач од потенцијална штета.
Паркинг пилот
Паркинг пилотот помага во детекција на пречки и пред и зад возилото. Растојанието до пречките се индицира звучно преку пулсирачки звук и графички преку дијаграм на дисплејот.
Напреден систем за помош при паркирање
Напредниот систем за помош при паркирање ги детектира соодветните паркинг места, ве води до нив, ви кажува колку да возите нанапред или наназад - дури и ви покажува колку да го завртите тркалото.
Систем за предупредување за слепа странична точка (SBSA)
SBSA употребува сензори за да ги надгледува деловите од патот кои вие не можете да ги видите и ве предупредува на соодветниот страничен ретровизор доколку некое возило се наоѓа во слепата зона.
Систем за надгледување на притисокот во гумите (TPMS)
Стандарден TPMS значи дека не треба да застанувате за да го проверите притисокот во гумите. Ако некои од нив да почнат да се издишуваат, тој предупредува на инструмент таблата и, во зависност од моделот, укажува на точниот притисок во секоја гума посебно.
Пасивна безбедност
Не само што Opel Astra е опремена со врвни системи за активна безбедност, но исто така ги заштитува патниците со врвни технологии за пасивна безбедност.
Цврсти браници и високоефикасни системи за апсорбирање на енергијата кои се справуваат со помалите удари. Браниците се прецизно позиционирани за максимална заштита за судари на автомобил со автомобил со мала брзина, со што се помага за одлична класификација за осигурителна полиса.
Цврстата патничка ќелија е главно направена од челик со висока јачина и опкружена со оптимизирани зони за деформација кои штитат на контролиран начин. Во внатрешноста, затегнувачите на појасите на предните седишта, предните, страничните и завесести воздушни перничиња, системот за ослободување на педалите и активните наслони за главата - сите работат заедно за да ве заштитат.
И за да ја обезбедување на вашата Opel Astra од кражба, достапен е напреден алармен систем, кој ги исполнува најстрогите осигурителни стандарди.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
Opel ќе ги вложи сите разумни напори да обезбеди содржините на оваа локација да бидат точни и ажурирани, меѓутоа не прифаќа одговорност за какви било тужби или загуби настанати како резултат на потпирање врз содржините од оваа локација. Некои информации на оваа локација можеби нема да бидат точни поради измени на производите направени откако оваа локација е активирана. Некои опишани или прикажани делови од опремата можат да бидат достапни само во одредени земји или со дополнителна доплата. Opel го задржува правото да ги смени спецификациите на производот во било кое време. За тековните спецификации на производот во Вашата земја обратете се до Вашиот Opel дилер.